Топ Вести - Слушај сега
Бројот на туристи во јануари на годишно ниво е зголемен за 6,2%, а бројот на ноќевањата е намален за 2,7%, покажуваат податоците на државниот завод за статистика објевени денеска.
Интересно е тоа што бројот на домашните туристи во јануари на годишно ниво е зголемен за 10,1%, а на странските туристи е зголемен за 3,9%. Во однос на ноќевањата кај домашните туристи ноќевањата се зголемени за 4%, а кај странските се намалени за 7,7%.
Податоците покажуваат дека само во јануари во земјава се регистрирани 52.943 туристи кои оствариле 103.983 ноќевања.
Од вкупниот број туристи 38,2 % се домашни туристи, а 61,8% се странски туристи. Домашните туристи оствариле 45,5% од ноќевањата, а странските 54,5%.
Најмногу странски туристи во јануари дошле од Турција (6.732), од Србија (3.563) од Бугарија (3.256) и од Грција (3.060).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
