Кучињата на новиот американски амбсадор во Србија, Марк Брнович, се викаат „Ракија“ и „Пиво“. Тој го открил ова во објава во врска со неговото семејство.
Брнович има татко Црногорец и мајка Хрватка и се гордее со балканското потекло. Неговата мајка емигрирала во САД за да избега од комунизмот. Како мал живеел во Аризона.
Брнович беше предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор на САД во Србија. Тој вели дека имал сон сите православни луѓе на Балканот да имаат еден претставник во Вашингтон.