Британско австралиската рударската компанија Рио Тинто го одложи проектот за експлоатација на литиум во долината на реката Јадар во западна Србија

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британско австралиската рударската компанија Рио Тинто го одложи проектот за експлоатација на литиум во долината на реката Јадар во западна Србија, пишува Блумберг кој тврди дека имал увид во текстот на меморандумот испратен од компанијата до српската влада.

Според меморандумот испратен оваа недела, проектот Јадар ќе биде ставен во статус на „грижа и одржување“ (конзервиран).

„Со оглед на недостатокот на напредок со дозволите, не сме во позиција да го одржиме истото ниво на распределба на трошоци и ресурси“, се вели во меморандумот.

Портпаролот на концернот ја потврди содржината на меморандумот, но одби да даде понатамошен коментар.

Проектот веќе неколку години се соочува со протестите на граѓаните кои се против рудникот, но и со низа законски пречки за негово реализирање.

Областа инаку има богати резерви на литиум.

Наоѓалиштето Јадар, како и самиот минерал јадарит, беа откриени во 2004 година и именувани по реката Јадар.

Share This Article