Британскиот дисконтниот синџир „Пепко“ (Pepco) објави план за реорганизација на своето работење во Германија, што вклучува затворање на 28 продавници и отпуштање на 165 вработени.
Уште во јули, компанијата стана несолвентна на германскиот пазар, што предизвика загриженост кај работниците и клиентите.
Според официјалното соопштение, продавниците ќе бидат затворени „поради недостаток на економски перспективи“, а процесот ќе биде завршен најдоцна до крајот на јануари 2026 година.
По реорганизацијата, во Германија ќе работат 36 продавници оценети како „перспективни“, вклучувајќи ги филијалите во Оберхаузен и трговскиот центар Миланео во Штутгарт.
Извршниот директор на „Пепко“ истакнува дека целта на реорганизацијата е да се постигне одржлива профитабилност и да се зајакне оперативната база.
– Планираната реорганизација во Германија е клучен чекор кон одржлива профитабилност врз основа на послаба и поотпорна оперативна база – рече тој.
Компанијата пред десетина дена најави отворање на продавници и во Македонија во 2026 година
– Македонскиот пазар одамна е на нашата мапа. Ова е природен чекор во нашиот развој по успешното работење на нашите продавници и во Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција, и со задоволство потврдуваме дека ова ќе биде нашата 19-та европска земја. Целта е да им го олесни секојдневниот живот на потрошувачите, нудејќи модерни производи за домот и гардеробата по најдобри можни цени – изјави Марчин Станко, извршен директор за Централна и Источна Европа и централни операции во „Пепко“.
„Pepco Group“ е компанија со седиште во Лондон, Велика Британија која располага со 4.000 продавници во 18 земји во Европа во кои работат повеќе од 30.000 луѓе.




























