Топ Вести - Слушај сега
Политичка бура ја тресе Велика Британија. Високи владини функционери најавија дека допрва ќе се објават електронски преписки поврзани со назначувањето на актуелниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон. Притисокот врз актуелната влада на Кир Стармер расте поради неговиот сопартиец Манделсон.
Изворите за Би-Би-Си изјавиле дека преписките ќе бидат објавени пред владата да ги достави во Парламентот.
Политичкиот уредник Крис Мејсон од Би-Би-Си оценува дека Стармер никогаш не изгледал поранлив.
Во фокусот се електронските комуникации меѓу високи владини функционери и Манделсон. Пораките би можеле да откријат поширока мрежа на контакти на Манделсон со осудениот педофил Џефри Епстин.
Поранешен директор за комуникации предупредил дека објавувањето приватни пораки може да вовлече повеќе јавни личности во скандалот и да го прошири политичкиот пожар.
Стармер јавно им се извини на жртвите на Епстин, признавајќи дека му верувал на Манделсон кога го предложил за амбасадор. Манделсон, пак, тврди дека точно одговорил на сите прашања за својот однос со Епстин во процесот на безбедносна проверка.
Парламентарниот Комитет за разузнавање и безбедност во Велика Британија соопшти дека владата ќе одлучи кои документи ќе бидат објавени јавно, а кои ќе одат на затворено разгледување. Ограничениот број чувствителни материјали ќе бидат испратени директно до комитетот, со очекување целата постапка да започне „многу брзо“.
Станува збор за огромна количина податоци, вклучително и лични размени меѓу министри и Манделсон, кои се протегаат до изборната победа на Лабуристичката партија. Извори предупредуваат дека процесот може да трае со месеци и да биде политички срамотен за дел од владата.
Како дел од проверката, Стармер преку својот шеф на кабинет Морган Мек Свини му поставил три клучни прашања на Манделсон. Првото било зошто продолжил да контактира со Епстин откако Епстин беше осуден, второ, зошто престојувал на имот на Епстин додека финансиерот бил во затвор и конечно, дали Манделсон бил поврзан со добротворна организација основана од Жислејн Максвел, соработничката на Епстин.
Одговорите на овие прашања, според британски министри, би можеле да покажат дека Манделсон не ја кажал целата вистина. Дел од пратениците бараат политичка одговорност од премиерот Стармер, додека други инсистираат на заминување на Мек Свини.
Tagged as:
Британската влада ќе објави преписки за амбасадорот Манделсон
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
