Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на македонската армија и нејзината оперативна подготвеност, јави дописникот на МИА од Брисел.
– Денеска се согласивме да ѝ обезбедиме на Северна Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија – изјави во врска со одлуката високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
Таа додаде дека овие средства ќе бидат искористени за набавка на различна опрема – од онаа, наменета за прибирање разузнавачки информации и за надзор, до онаа за потребите на борбената обука.
– Нашата поддршка ќе ѝ помогне на Северна Македонија да придонесе кон регионалната стабилност и безбедност, што е важно не само за Западниот Балкан, туку и за ЕУ – наведе Калас.
Според неа, со поддршката за земјава, наменета за спречување конфликти и за зајакнување на регионалната стабилност, Унијата покажува дека „целосно ја поддржува Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ“.
– Со нетрпение ја очекувам мојата прва посета следниот месец за да разговараме дополнително за нашата заедничка агенда, додаде Калас во изјавата.
Како што соопшти Советот на ЕУ, со денешната и со билатералните пакети за поддршка во 2023 и 2024 година, вкупната помош од Унијата за земјава во рамки на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) достигна 38 милиони евра.
„Денешната одлука го покажува континуираниот ангажман со Северна Македонија во областа на безбедноста и одбраната, вклучително и на потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија минатиот ноември, а и го одразува целосното усогласување на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, се наведува во соопштението.
Со денеска издвоените средства, преку ЕПФ ќе ѝ биде обезбедена опрема со разузнавање на македонската Армија, како и надзор и извидување и за електронско војување, потоа комунални и инженерски возила, комуникациски и информациски системи и опрема за борбена обука, а, доколку е потребно, ќе се организира и оперативна обука за нивно користење.
„Новата мерка за помош, исто така, ќе го зголеми потенцијалот на Северна Македонија да придонесе во операциите и мисиите на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и во сите меѓународни коалиции“, се додава во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
