Топ Вести - Слушај сега
Истрагата за принцот Ендру Маунтбатен, братот на британскиот Крал Чарлс продолжува. Би-Би-Си објави дека додека бил британски трговски претставник, војводата од Јорк наплаќал масажи и акумулирал прекумерни патни трошоци на товар на даночните обврзници , тврдат двајца пензионирани државни службеници.
Ендру беше уапсен на 19 февруари под сомнение за непримерно однесување на службена должност. Подоцна истиот ден, тој беше пуштен на слобода.
Случајот ја разбранува британската и светската јавност. Апсењето доаѓа по објавувањето на илјадници досиеја за сексуалниот престапник Џефри Епстин со кого Ендру, според наводите, одржувал врски.
Поранешен службеник од Министерството за трговија на Велика Британија се спротивставил на барањето за „услуги за масажа“.
Тој изјавил:
– Мислев дека е погрешно. Реков дека не треба да плаќаме за тоа, но сепак плативме – изјавил за Би-Би-Си, мислејќи на трошок по посетата на Блискиот Исток.
Понатаму, службеникот рекол:
– Не можам да кажам дека тоа би го спречило, но требаше јасно да ставиме до знаење дека нешто не е во ред.
Би-Би-Си не видел докази за плаќања за масажа од пред повеќе од 20 години. Сепак, постои документација дека изворите имале пристап до финансиски податоци во тој период.
Друг поранешен висок службеник од административниот центар Вајтхол, кој ги надгледувал финансиите, видел слични трошоци. Тој изјавил:
– Апсолутно нема сомнение дека се вистински – рекол тој.
Тој бил шокиран од обемот на трошоците.
– Не можев да поверувам, беше како да не беа вистински пари, како да не трошат свои пари – изјавил високиот функционер.
Според него, трошоците се губеле во различни буџети. Ретко се знаело кој патувал во придружбата на Ендру. Контролите биле автоматски одобрени.
Ендру патувал како специјален трговски претставник меѓу 2001 и 2011 година. Неговата улога завршила поради врските со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Ендру исто така ја загуби титулата во јануари 2022 година.
Тој формално остана војвода од Јорк, но практично беше отстранет од јавните кралски должности.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
