Топ Вести - Слушај сега
Главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за утре се одлага по барање на бранителката на еден од обвинетите, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, информира Основниот кривичен суд Скопје.
„Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, бранителката е избрана за член на Судскиот совет, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26 јануари годинава“, соопшти Кривичниот суд.
Сузана Јошевска Анастасовска е бранителка на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Аднан Џаферовски.
Јошевска Анастасовска, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ вчера во Собранието беа избрани за членови на Судскиот совет, по предлог на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени е во фаза на доказна постапка. Се изведуваат вербални докази предложени од Јавното обвинитество и требаше да сведочат петмина оштетени, Тоше Трендафиков, Мартин Китанов, Алберто Миладинов, Иван Данилов и Кристијан Панов.
На претходното рочиште сведочеа три мајки на загинати во пожарот, Марија Петрушева, Ирена Минова и Габриека Наунова. Тоа рочиште помина во тешка атмосфера, исполнета со плач од присутните родители, пораи траорното сведочење на мајките за смртта на нивните деца. Судењето го одбелеа и тежок инцидент, кој настана откако Наунова им порача на сите 35 обвинети дека без разлика на исходот на судењето за нив тие се убијци на нивните деца, на што градежниот инспектор Огнен Георгиев ѝ дофрли дека и таа е виновна затоа што ја пуштила малолената ќерка во диско, по што сите родители скокнаа и почнаа да го пцујат, да го колнат и да му се закануваат дека ќе му летне главата на некој пешачки премин во Кочани.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од употреба на пиротехника избувна пожар. Обвинителството ги товари сите 35 обвинети за Тешки деа против општата сигурност, а сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни според таа квалификација.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
