Топ Вести - Слушај сега
По повод големиот христијански празник раѓањето Христово- Божиќ, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.
– Со искрени желби за мир, здравје и благосостојба Ви го честитам најголемиот христијански празник-раѓањето Христово-Божиќ.
Денеска ја славиме надежта, љубовта и човечката блискост. Овој ден не повикува да се свртиме еден кон друг со разбирање и човечност. Божиќ е време кога духовната светлина ја надминува секоја поделба и не охрабрува да гледаме кон иднината со надеж и одговорност.
Нека радоста од Христовото раѓање ги исполни вашите домови со топлина, а срцата со вера и спокој. Нека Божиќ биде поттик за заедништво, за добри дела и за подобро утре за сите нас и за нашиот Охрид.
Христос се роди! Навистина се роди!
Нека е за многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
