Каталонскиот весник „Ел Национал“ објави вест што одекна низ целиот европски фудбал – Барселона наводно планира голем трансфер на Ерлинг Халанд во летото 2026 година.
Иако норвешкиот напаѓач има договор со Манчестер Сити до 2032 година, ова не е пречка за амбициите на каталонскиот гигант. Халанд долго време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но „Ел Насионал“ тврди дека Барселона сака да ја грабне ѕвездата од својот најголем ривал.
Договорот со Најк е клучен за трансферот?
Наводниот план на Барселона се базира на нов, профитабилен договор за спонзорство со „Најк“, кој треба да обезбеди финансиска стабилност на клубот. Со тие пари, Барселона би можела да понуди 200 милиони евра за да го доведе Халанд, што би го направило најскапиот играч во историјата на клубот.
Броевите на Халанд во Сити
Откако пристигна во Манчестер Сити, Ерлинг Халанд одигра 138 натпревари, постигна 120 гола и запиша 20 асистенции. Тој веќе освои речиси сè што може да се освои на клупско ниво, вклучувајќи ја Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.