Топ Вести - Слушај сега
Во Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти, а хоспитализирани се околу 90 деца со што болничкиот капацитет е речиси комплетно исполнет. Хоспитализирани се пациентите со компликации од грип – дехидратација, пневмонии и бронхоопструкции. Неколку деца се и на кислородна поддршка со маска, а останатите се стабилни. Има хоспитализирани и доенчиња со RSV бронхиолити, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска.
Според неа, изминатата недела грипот го достигнал својот пик, а за ваквата состојба придонеле и новогодишните и божиќните празници, кога имало интензивни дружења, претстави и приредби за децата во затворен простор.
Симптомите на грипот почнуваат обично нагло, со зголемена телесна температура, болка во грлото, болка во мускули и зглобови, носна секреција и сува кашлица.
Препорака за родителите во овој период е да се избегнуваат собири во затворен простор, да се одржува лична хигиена со често миење на рацете, да се прави дезинфекција на површините, во исхраната да има свежо овошје и зеленчук и да се престојува на чист воздух.
– При појава на симптоми на грип децата да не се носат во градинка, да се изолираат, да се одржува добра хидрација со зголемен внес на течности, да се даваат лекови за покачена температура и разладување. Ако симптомите траат повеќе од три до четири дена или прогресираат со појава на интензивна кашлица, забрзано или отежнато дишење, да се побара лекарска помош на матичен лекар или во дежурните педијатриски пунктови, и доколку состојбата е сериозна и потребно е болничко лекување, секако да се упатат во нашата установа – додаде проф. д-р Бошковска.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
