Топ Вести - Слушај сега
Копер, Словенија – Со верба, радост и длабока духовна посветеност, вчера во приморскиот град Копер се одбележа еден од најголемите христијански празници – Богојавление, познато и како Водици. Светата литургија и обредот на осветување на водите се одржаа на брегот на Јадранското море, каде што се собраа бројни верници од Словенија и соседните земји.
На овој значаен црковно-народен собир чиноначалствуваше Митрополит Европски господин Пимен, кој ја предводеше светата литургија и го изврши традиционалниот обред на осветување на водите. Со благослов и молитва, Митрополитот го фрли чесниот Крст во студените морски води на Јадранот, по што храбри верници се фрлија во морето за да го извлечат.
Најсреќен меѓу сите присутни беше Климчо Групчевски, охриѓанец од Месокастро кој живее и работи во Порденоне, Италија. По три години континуирано учество во обредот, Климчо конечно ја оствари својата желба – успеа да го извлече светиот Крст од студеното Јадранско море!
Радоста на младиот Македонец беше видлива на неговото лице, а верниците го поздравуваа со аплауз и благослови. Според традицијата, извлекувањето на чесниот Крст носи среќа, здравје и божји благослов за цела година.
Празникот Богојавление ја одбележува традицијата на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Јован Крстител. Обредот на фрлање и извлекување на Крстот од водата е длабоко вкоренет во православната традиција и претставува симбол на духовно очистување и обновување.
Овогодинешното празнување во Копер повторно покажа колку силна е верата и заедништвото меѓу православните верници од дијаспората, кои и покрај студеното времето и ниските температури на морето, со ентузијазам учествуваа во светиот обред.
“Честитки, Климчо, за многу години!”, одекнуваа пораките од присутните верници по неговиот успех. Неговата истрајност и вера се инспирација за сите кои учествуваат во овој традиционален обред.
Празникот Водици во Копер повторно ги обедини Македонците и православните верници во Словенија и пошироко, потсетувајќи на важноста на традицијата, верата и заедништвото во дијаспората.
Среќен празник Водици и божји благослов за сите верници!

С.Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
