Background

Богатството на 100-те најбогати луѓе во регионот се зголеми за 2 милијарди евра за една година со што регионалните бизнисмени го следат светскиот тренд

Богатството на 100-те најбогати луѓе во регионот се зголеми за 2 милијарди евра за една година со што регионалните бизнисмени го следат светскиот тренд. Но, големината на пазарот игра клучна улога во богатството на сопствениците на компании. Високотехнолошките компании, кои порано беа лидери по вредност, сега се во мал пад, наведува Белградски Неделник кој секоја година прави листа на најбогатите во регионот.

Весникот, во соработка со медиумите од регионот, составува листа на 100-те најбогати претприемачи во регионот, споредувајќи ги податоците за нивното деловно работење, односно вредноста на нивните компании.

Србија на листата на 100 најбогати има најмногу (48) бизнисмени. По две години доминација на бизнисмени од Хрватска, тандемот од Србија се врати на врвот на листата.

- Advertisement -
Ad image

Сопственикот на Делта Холдинг повторно е најбогатиот бизнисмен во регионот. По неговите стапки е семејството Костиќ, кое успешно го презеде управувањето со МК Груп.

Во првите 10 најбогати се наоѓаат четири бизнисмени од Србија и шест од Хрватска – богатството на тие четворица од Србија вреди 9,8 милијарди евра, а на шестемина од Хрватска – 10,9 милијарди евра.

Ранг Име и преиме Компанија Богатство во евра Земја
1. Мирослав Мишковиќ Делта холдинт 3.011.403.812 Србија
2. Семејството Костиќ МК група 2.918.891.445 Србија
3. Силвио Кутиќ Инфобип 2.524.942.253 Хрватска
4. Дејан Чакајиќ и Јадранка Степановиќ Моцарт, Вега 2.075.373.994 Србија
5. Петар Натијевиќ МИ Матијевиќ 1.794.545.863 Србија
6. Мате Римац Римац група 1.743.316.832 Хрватска
7. Миле Ќурковиќ Плодине 1.734.787.500 Хрватска
8. Дубравко Гргиќ Концерн Аграм 1.698.000.000 Хрватска
9. Давор Лукиќ Ледерер Плава лагуна, Пореч 1.628.787.500 Хрватска
10. Павао Вујновиќ Вујновац група 1.582.000.000 Хрватска

И оваа Листа ја составија експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза. Тие ги користеа најавторитетните мултипликатори на Школата за бизнис Стерн на Универзитетот во Њујорк (и споредбени компании) и во анализата ги вклучија резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот. Користени се финансиска методологија и низа алатки, кои овозможуваат да се дојде до најреалната вредност на компаниите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation