Background

Бислимоски предупреди дека кубуриме со базна енергија

Во просек, секој ден по скоро 1 нов MW во последните четири години е вклучен на електроенергетскиот систем покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Заклучно со октомври годинава има изградено нови капацитети од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1.200 MW, обелодени  Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ на Регионалната конференција за зелена трансформација на Западен Балкан што се одржа во Тирана, Албанија.

– Елдорадото на фотоволтаични централи ја најави енергетската транзиција, што пак отвори процес на трансформација на електроенергетскиот сектор. Бројките се охрабрувачки, но периодот кој е пред нас е полн со предизвици, а еден од нив е и балансирање на системот кога е во прашање електричната енергија произведена од обновливи извори. Мораме во оваа фаза да делуваме и поттикнуваме инвестиции во енергетски капацитети кои ќе произведуваат базна енергија. Секако и употребата на батериите има своја улога, но неопходно е да е реализираат инвестиции со кои ќе се замени производството на струја од јаглен со гас или биомаса – рече Бислимоски.

- Advertisement -
Ad image

Дигитализацијата на административните процеси при прибавување на пропишаните дозволи и документи како предуслов за зголемување на бројот на инвестиции – е една од клучните пораки на учесниците на Панелот посветен на тоа „Како до формирање на зони за побрза реализација на зелени инвестиции“.

Говорниците меѓу кои енергетичари, економисти и функционери од извршната и локална власт на земјата домаќин порачаа дека енергетската транзиција ќе биде успешна само доколку и домаќинствата ги почувствуваат ефектите, а не само индустријата. Мерки и реформи за паметна енергетската зелена иднина мора да биде цел за политиките кои ги водат земјите од регионот за полесно интегрирање со европскиот енергетски пазар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation