Секоја земја, што неправедно постапува кон САД треба да очекува дополнителни царини, соопшти денеска Белата куќа, два дена пред претседателот Доналд Трамп да ги објави, како што ги нарече, сеопфатните и реципрочни царински мерки.
„Секоја земја која неправедно постапувала кон американскиот народ треба да очекува дека во среда ќе добие царина како реципрочна мерка“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одбивајќи да даде дополнителни детали.
На прашањето дали ќе има исклучоци за земјоделците, таа рече дека „во овој момент нема исклучоци“.