Никола Груевски, поранешниот премиер на Република Македонија, деновиве е повторно активен на социјалните мрежи, делувајќи како да сака да остане во центарот на вниманието, споделувајќи фотографии и статуси. Иако живее во Будимпешта, Унгарија, веќе шест години, Груевски се труди да остане под радарот на јавноста, избегнувајќи да се појавува во медиумите или да биде мета на јавните расправи.
Изненадува фактот дека, и покрај долгогодишното негово присуство во странство, Груевски успеал да ја напушти територијата на Македонија, без да се соочи со последиците од правдата. Во текот на овој период, многу теории на заговор се појавија, а најпознати се оние изнесени од страна на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и тогашниот премиер Зоран Заев. Медиумите, исто така, шпекулираа дека Груевски ја напуштил земјата со помош на возило на амбасадата на Унгарија (ноторна лага), патувајќи преку Албанија и Србија.
Сепак, што се крие зад овие теории? Некои детали за бегството на Груевски укажуваат на тоа дека, пред да стане екстериторијален за органите на прогон, тој со сопругата направил еднодневна прошетка низ Охрид. Критичната вечер, околу 23 часот, Груевски бил виден во близина на резиденцијален хотел во близина на Охрид, каде што тајно бил отседнат. Во текот на ноќта, околу 23 часот, се тврди дека со брз глисер ја напуштил Македонија, преку езерото и минувајќи низ водниот пад, пред да ја премине границата кај месноста Радожда .
Како точно се одиграло бегството на Груевски, останувам да откријат надлежните институции, ако тие се заинтересирани за тоа. И покрај шпекулациите и теориите на заговор, се чини дека многу детали остануваат неразјаснети, а оставам да откријат самонаречените медиумски „ексклузивци“,а за логистиката и организирањето на бегството на Груевски ќе се знае повеќе во иднина. Се поставува прашањето дали за ова има повеќе информации кои се држат во тајност или дали ќе бидат откриени од некои од “гуруите” на македонската медиумска сцена,секако ако добијат зелено светло од еден поранешен висок припадник на безбедносните служби,кој за жал и до ден денес е сокриена алфа и омега на македонската политичка сцена.
С.Денесовски
П.С. Ќе дојде време ,ќе се обзнанини и улогата на брачедот….