Во денешниот одговор на ВМРО-ДПМНЕ за објавата на СDSM во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски, владејачката партија постави директно прашање кон поранешниот министер за здравство Венко Филипче:
„Дали не е криминал што додека тој беше министер, вицепремиерот Кочо Анѓушев ги градеше модуларните болници, од кои една се запали и загинаа 14 луѓе? Кога ќе го испитаат овој случај?”
Иако прашањето звучи остро и конкретно, ВМРО-ДПМНЕ не дава одговор на најосновното прашање: зошто новата власт, предводена токму од нив, не постапува против градителот на модуларните болници Кочо Анѓушев? Ако навистина сметаат дека има криминал, зошто не преземаат конкретни дејствија?
Кога сме веќе кај модуларните болници, како редакција прашуваме: дали на ВМРО-ДПМНЕ му е познат фактот дека модуларните болници се градеа преку Министерството за труд и социјална политика, а не преку Министерството за здравство?
Колку им е познато дека во време на ковид, кога умираа луѓе, МЗ исклучиво имаше надлежност да ангажира медицински тимови во модуларните болници и да лекува луѓе? Или и тоа не им е познато?
Случајот со модуларните болници, а особено трагедијата во модуларната болница во Тетово каде што загинаа 14 луѓе, бара одговорност кај градителот, а не кај Филипче. Слична е ситуацијата и со модуларната болница во Охрид, во комплексот на Општата болница, која веднаш се затвори поради кондезација со влага, прокиснување на кровот и други технички проблеми. До ден денес, од страна на градителот истата не е санирана.
Прашањето останува: ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака правда за жртвите од модуларните болници, зошто не презема конкретни чекори против одговорните за градбата, наместо да упатува прашања кон лица кои немаа надлежност за изведба на градежните работи?
Бегај Бади, бегај – но од одговорност не можеш да избегаш.
Сашо ДЕНЕСОВСКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
