Топ Вести - Слушај сега
Трезорите на Банката на Англија моментално содржат повеќе од 5.000 тони злато, распоредени во 12 огромни простории, од кои секоја содржи илјадници златни прачки со стандардна големина од 400 тројански унци (околу 12 до 13 килограми), втора најголема залиха во светот по Федералните резерви на Њујорк.
Телевизијата „Скај њуз“ доби редок пристап до златните трезори на Банката на Англија, кои се наоѓаат во срцето на Лондон, длабоко под финансискиот кварт.
Приближно 40% од вкупниот простор на Банката на Англија се наоѓа под земја, а во центарот на тој комплекс се наоѓа најголемиот магацин за злато во Европа.
Ова е местото каде што повеќе од 60 централни банки низ целиот свет го складираат своето злато, за да можат да тргуваат со него. Само малку повеќе од 300 тони злато во трезорите тука ѝ припаѓаат на Велика Британија.
Банката има 12 трезори, од кои секој содржи илјадници златни прачки. Секоја прачка (сите се со стандардна големина, 400 тројански унци, што е помеѓу 12 и 13 килограми – што патем ги прави изненадувачки тешки) има сериски број или бар-код и кога ќе се купат и продадат, сè што се случува е кодот да му се додели на друг клиент; прачката останува таму каде што е.
Меѓу земјите кои ги чуваат своите златни резерви во оваа банка е и Македонија.
Народната банка располага со околу 6,9 тони монетарно злато. Одлуката тоа да се чува во Банката на Англија беше донесена во 2010 година имајќи ги предвид сигурноста и флексибилноста коишто ги нуди инфраструктурната поставеност на централната банка, како и пристапноста до пазарот на Лондон како најголем пазар со злато во светот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
