На летот на ИзиЏет од Лондон до Глазгов се случил инцидент кога 41-годишен маж почнал да вика на средина од летот дека има бомба, заканувајќи се дека ќе го убие сегашниот американски претседател Доналд Трамп и Америка.
Во еден момент, тој исто така почнал да вика „Алаху Акбар“, предизвикувајќи паника кај патниците.
Додека авионот бил во хаос, еден Балканец кој бил на летот му се обратил на човекот со зборовите:
„Седни долу, пи*ка ти материна!“
Потоа го турнал на подот и го совладал, додека другите патници се стрчале да му помогнат.
„Седни долу“, можете да го слушнете човекот како го држи на подот. Пред да биде совладан, напаѓачот извикал:
„Запрете го авионот! Пронајдете ја бомбата во авионот! Смрт за Америка! Смрт за Трамп!“
Потоа неколку пати повторил:
„Алаху Акбар!“
Екипажот ги информирал патниците дека авионот ќе изврши итно слетување, а по пристигнувањето во Глазгов, членови на шкотската полиција се качиле во авионот и го уапсиле мажот.
Властите потврдија дека 41-годишникот е приведен додека истрагата за мотивите за инцидентот продолжува.