Рок музичарот Момчило Бајагиќ Бајага за агенцијата Бета изјави дека ги поддржува студентските протести и се надева дека барањата на студентите ќе бидат исполнети што е можно поскоро.
-„Секако дека ги поддржувам студентите и сите нивни оправдани барања. Се надевам дека овие барања ќе се исполнат што е можно поскоро, што би било добро за сите нас. Нашиот бенд „Бајага и инструктори“ одлучи да ги откаже сите концертни активности до понатамошно известување“, рече Бајага.