Топ Вести - Слушај сега
Баба Мими е едно од најпознатите животни во ЗОО Скопје и најстара во групата шимпанза во Зоолошката. Родена е во 1962 година и важи за едно од највозрасните шимпанза во Европа, па дури и во светот.
Нејзиниот животен пат бил тежок, настапувала во циркус, но бидејќи била болна завршила да живее во цвеќарница во Германија, а потоа поминала период во рехабилитационен центар за спасени примати во Холандија.
Во 2019 година добила нов, мирен дом во Скопје, каде што секојдневно добива посебна нега и внимание од нашите вработени.
– Денес Мими ужива во своето пензионерско секојдневие, со специјална исхрана, медицинска терапија и грижа од зоонегователите. Позната е по мирниот карактер, сака удобност, си прави „гнездо“ од ќебиња и често делува смирувачки на другите шимпанза, нашите Коко и Изи. Најмногу ужива да мириса цвеќиња, нешто што и е останато како навика од долгиот живот во германската цвеќара. Нашата Мимушка е вистински симбол на топлина, грижа и достоинствена старост – велат од скопската Зоолошка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
