Автопатот Кичево – Охрид треба да биде пуштен во целосна употреба до првото тримесечје во 2025 година, но делови од него ќе бидат готови и пред овој рок

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Автопатот Кичево – Охрид треба да биде пуштен во целосна употреба до првото тримесечје во 2025 година, но делови од него ќе бидат готови и пред овој рок, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека за негово довршување ќе треба да се прошири и кредитната рамка, бидејќи за стабилизирање на свлечиштата не биде предвидени пари.

-Динамиката на изградба на автопатот Кичево – Охрид пред 8 месеци беше до никаде. Се работеше во три смени мжестоко, посветено и резултатот од тоа е 17 километри иако тој дел е 20 километри, но оној делот кој се скршнува најкај Пресека дој тунелите не е пуштена бидејќи тој дел заедно со делот  од Врбјени до Кичево во должина од 17 километри треба  дополнитлно треба да се заврши бидејќи 10 свлечишта кои треба да се стабилизираат. Очекувам во август да се почне со нивно стабилизирање. Тој дел треба да биде завршен до декември или прв квартал 2027 . Делот  од 5 километри од село Ботун каде што има 6 многу поголеми  ипопредизвикувачки слечишта.За сето ова ќе треба да ја зголеми рамката на кредитот бидејќи за ова не биле планирани средства. Исто така се привршува работата од Климештани до Охрид. тие се исто така околу 17 километри кои ќе бидат готови до крајот на август. Очекувам од 57 километри колку што е долг патот  35 километри да бидат пуштени до крајот на август, минус 5 километри кај Ботун и минус оние 17 километри од излезот на тунелот до Килево да бидат завршени до крајот на 2026 година и почетокот на 2027 година – рече Мицкоски.

Тој реле дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид е показател за разликата меѓу оваа и минатата влада предводена од СДСМ.

-Тоа е разликата помеѓу оваа Влада, и владата на СДСМ и ДУИ коишто ги интерисираше само да исплатат аванси за да може да добијат некоја милост назад. Оваа Влада не ја интересираат авансите, туку ја интересира работа, фронт и просперитет на државата. Додека владата на СДСМ и ДУИ крадеше, оваа Влада гради. Тоа е разликата. Нас не не интересираат ниту трговски центри, ниту скапи автомобили, ниту инстант фирми за увоз на јаглен, ниту богати туристички агенции коишто купуваат евтини деловни простори во центарот на Скопје. Нас не итересира работа и просперитет на сите граѓани на целата територија на Македонија – рече премиерот Мицкоски.

Тој рече и дека интензивно се работи на кај Букојчани како и на правците Тетово – Гостивар и Прилеп Битола кои очекува пред планот да бидат завршени.

-Повеќе од 75 проценти од фронтот за работа е отворен. Се работи со несмалена динамика. Голем дел од активностите ќе бидат реализирани оваа година. Исто така со несмалена динамика се работи и автопатот Тетово – Гостивар, како и автопатот Прилеп – Битола којшто очекувам дури и предвреме од предвидениот план да бидат завршени –  рече Мицкоски.

Share This Article