Автомото сојузот на Македонија информира дека во 12.55 часот на планинскиот превој Плетвар, е воведена е забрана за движење на тешки товарни возила (ТТВ)

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Автомото сојузот на Македонија информира дека во 12.55 часот на планинскиот превој Плетвар, е воведена е забрана за движење на тешки товарни возила (ТТВ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава.

АМСМ известува и дека од 11:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка, е воведена забрана за движење на ТМВ и Автобуси.

АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:

· Гостивар – Маврово – Дебар

· Струмица – Берово

· Пресека

· Ѓавато

· Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)

- Advertisement -
Ad image

УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:

· Делчево – Г.П. Делчево

· Гостивар – Стража – Кичево

- Advertisement -
Ad image

· Струга – Г.П. Ќафасан

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share This Article