Авион за медицински транспорт на пациенти се урнал ноќта по локално време во резиденцијална област кај Филаделфија, а во несреќата загинаа шест луѓе кои се возеле во него, меѓу кои и мало девојче

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Авион за медицински транспорт на пациенти се урнал ноќта по локално време во резиденцијална област кај Филаделфија, а во несреќата загинаа шест луѓе кои се возеле во него, меѓу кои и мало девојче, објави компанијата што управува со авионот.

Компанијата соопшти дека во авионот имало четворица членови на екипажот и девојчето-пациент со нејзината мајка. Американските медиуми јавуваат мајката и девојчето, кое се лекувало во Америка од животно загрозувачка состојба, биле од Мексико, каде и бил упатен авионот, а крајната дестинација бил градот Тихуана.

На видеоснимки што ги објавија локалните телевизиски станици се гледа како авионот паѓа во густо населена област и експлодира.

Локалните медиуми јавија дека инцидентот се случил во близина на трговскиот центар Рузвелт во североисточна Филаделфија и дека има повеќе повредени. Видео емитувано на локалните телевизиски станици покажа дека авионот вртоглаво паѓа пред да удри во земјата и да експлодира во огромна огнена топка. Градоначалничката на Филаделфија Шерил Паркер на прес-конференција на местото на настанот изјави дека неколку куќи и автомобили биле зафатени во пламен.

Се уште не е јасно што го предизвикало инцидентот. Во моментот на падот на авионот времето во државата било врнежливо, а видливоста намалена.

Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека авионот „Лирџет“ се урнал околу 18:30 часот по локално време, јави „Њујорк тајмс“.

Локалните медиуми јавија дека несреќата се случила во североисточниот дел од Филаделфија.

Претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи напиша дека е „толку тажно да се види авионска несреќа во Филаделфија… „Повеќе невини животи се изгубени“, коментираше и американскиот претседател.

Share This Article