Авион на релација Приштина–Истанбул вчера излетал од пистата по слетувањето на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, но за среќа нема повредени патници

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Авион на релација Приштина–Истанбул вчера излетал од пистата по слетувањето на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, но за среќа нема повредени патници. Инцидентот се случил во момент кога леталото, по приземјувањето, наместо да продолжи по патеката за рулирање, се нашло на мека земјена површина и застанало на крајот од пистата.

Од Амбасадата на Косово во Турција соопштија дека сите лица во авионот се безбедни.

„Патниците се евакуирани без никаков ризик, преку надворешни скали, без потреба од користење на итните лизгалки. Нема пријавено повредени и сите го продолжија патувањето кон своите дестинации“, наведуваат од амбасадата.

Станува збор за авион на „AJet“, тип „Boeing 737-800“, кој оперирал на летот TKJ76Q / VF102. Инцидентот се случил во услови на силни врнежи, поради што, како што објаснува авиокомпанијата, дошло до излетување при маневрирањето.

„Слетувањето беше целосно регуларно, но поради обилните дождови авионот при движеењето излезе на мека земјена подлога“, информираа од „AJet“.

Турските власти во моментов вршат расчистување на теренот и утврдување на причините за инцидентот. Според првичните проверки, не постои оштетување на структурата на авионот што би довело до дополнителни ризици.

Информацијата беше објавена и на платформата „X“, каде што пишува: „AJet 737-800 излетал од пистата при слетување на аеродромот ‘Сабиха Ѓокчен’. Во моментот имало силни врнежи. Сите патници од летот VF102 од Приштина биле безбедно евакуирани“.

Share This Article