Меѓународниот Аеродром Скопје од 1 јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.
Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова два пати во неделата, а до сите три дестинации ќе се лета од 1 јуни до крајот на септември годинава.
Со новите три дестинации, авиокомпанијата АJet од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има вкупно 4 дестинации, вклучувајќи ја и веќе постоечката линија до Истанбул, до аеродромот Сабиха Гокчен.