Аца Лукас прогласен за персона нон грата во Македонија по навредите кон Мицкоски и Јанушев

Saso
By Saso
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот пејач Аца Лукас и неговиот менаџер Саша Мирковиќ, сопственик на „Хајп продукција и телевизија”, се соочуваат со сериозни последици во Македонија откако изнесоа низа погрдни зборови на сметка на премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар на Владата  Јанушев.

Според информации од музичката индустрија, популарниот српски изведувач неофицијално е прогласен за персона нон грата во земјата. Оваа одлука веќе почна да има конкретни последици – во речиси сите градови каде што Лукас требаше да настапува, локациите му се откажуваат.

Најновиот случај се случи во Охрид, каде престижниот СЦ Билјани Извори му ја откажа гостолубивоста. Концертот што требаше да се одржи на оваа локација е откажан, што претставува уште еден удар за настапите на пејачот во Македонија.

Инцидентот што го предизвика овој бојкот се случи кога Лукас и Мирковиќ користеа навредлив речник кон највисоките претставници на македонската власт. Овој чин предизвика остра реакција во јавноста и очигледно доведе до координирани дејствија од страна на организаторите на настани низ целата земја.

Досега ниту Аца Лукас ниту неговиот менаџер јавно не се изјаснија по случувањата, додека остатокот од неговите закажани настапи во Македонија останува под знак прашалник.

К.Д.

Share This Article