Background

Асот уште не сака да проба храна од „Тако бел“

Никола Јокиќ, српскиот кошаркарски ас кој изгледа како да не му е гајле за слава уште еднаш покажа дека знае да го зграпчи вниманието на медиумите.

Пред неколку дена, Јокиќ пристигна на натпреварот на својот клуб Денвер Нагетс со скромна насмевка и едноставен џемпер, но со маица која предизвика лавина од реакции. На неа пишувало:

„Дајте му шанса на Цезар“.

- Advertisement -
Ad image

Тоа е фраза што само вистинските познавачи на неговата приказна ја разбраа. Фразата „Дајте му шанса на Цезар“ е иронична игра со американската поп-култура. Таа алудира на брзата пица-марка „Little Caesars“, која, исто како и „Тако Бел“, е дел од корпорацијата Yum! Brands.

Но, каков проблем има Јокиќ со „Тако Бел“?

Во 2014 година, кога бил избран во НБА како 41.  пик по ред на драфтот, телевизиите во САД не ја прикажале неговата селекција. Наместо неговото име, одела реклама за познатиот ресторан за брза храна по име „Тако Бел“.

 

 

Тоа бил момент на симболично понижување: светот не го забележал, додека Јокиќ не ни бил присутен.

Денес, истиот тој човек е еден од најдобрите кошаркари на планетата. Трипл-дабл резултати, рекорди и титула на најкорисен играч во НБА. Но, она што повеќе фасцинира е начинот на кој се однесува — без ароганција, без театралност, само со тивка самодоверба.

Пред натпреварот, навивачите на Денвер добиле исти маици како неговата. На задната страна стоел натписот: „Сè уште не сакам да го пробам“, шеговита алузија на старата реклама што некогаш му ја „украла“ славата.

 

 

Овојпат, тој си ја врати славата. И тоа со стил.

На паркетот, Јокиќ одигра натпревар за паметење. Постигна над 50 поени, со двоцифрени скокови и асистенции – нешто што во историјата го имаат направено само неколкумина.

По мечот, на прашањето за маичката, рекол:

– Тоа е мала расправија што ја водиме – и се насмеал широко, знаејќи дека никој веќе не се сомнева во неговото место меѓу најдобрите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation