Арнолд Шварценегер ја коментираше сцената од серијата на ХБО „Белиот лотус“ (The White Lotus) во која неговиот син Патрик Шварценегер се појавува целосно гол

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Арнолд Шварценегер ја коментираше сцената од серијата на ХБО „Белиот лотус“ (The White Lotus) во која неговиот син Патрик Шварценегер се појавува целосно гол. Зборувајќи за „Вариети“ како дел од серијата „Актери на актери“, Арнолд и Патрик првпат отворено зборуваа за глумата, популарноста, семејството – и, секако, за познатата сцена 18+ од серијата.

„Но, ме шокираше колку буквално одиш по моите стапки“

– Не можам да верувам“, рекол Арнолд. „Ја гледам твојата серија и го гледам твојот задник. И одеднаш – онаа работа. Помислив: „Што се случува овде? Ова е лудост“. А потоа си реков: „Добро, Арнолд, и ти го направи тоа во „Конан“ и „Терминатор“, немој да се жалиш“. Но, ме шокираше колку буквално одиш моите стапки – порачал Арнолд.

Хит серијата „Белиот Лотус“ го лансираше Патрик во центарот на вниманието. Арнолд признал дека неговата глума го изненадила: „Една година претходно, ‘Вариети’ немаше да нè покани да седнеме тука. Но, по ‘Белиот лотус’, експлодираше. Твојата глума целосно ме изненади. Не те препознав. Бев воодушевен.“

Арнолд откри дека сега постојано го запираат во теретана

Патрик одговорил: „Ти благодарам. Ова е надреален момент за мене. Иако многу зборуваме, никогаш не водиме 45-минутни разговори за глума. Убаво е што луѓето сега ја забележуваат мојата работа – работев на многу проекти што ретко кој ги видел.“

Арнолд додал дека сега постојано го запираат во теретана со коментари како: „Твојот син е фантастичен“ или „Го мразев твојот син во таа емисија.“

Share This Article