Background

Археолози ја пронајдоа најстарата населба на континентот од 6000 до 8000 години

Историско археолошко откритие го потресе научниот свет на дното на Охридското Езеро, во близина на Лин во Албанија, е пронајдена населба стара од 6.000 до 8.000 години, што ја прави најстарото човечко населено место покрај езеро во цела Европа, објави Ројтерс.

Истражувачи од Универзитетот во Берн (Швајцарија), во соработка со албански колеги, веќе шест години го проучуваат локалитетот и велат дека пронајдоците го менуваат досегашното знаење за раната цивилизација на Стариот Континент.

– Оваа населба е најстарата од ваков тип која сме ја откриле во Европа. Благодарение на сочуваните органски материјали под вода, имаме уникатен увид во животот на луѓето од тој период, што јаделе, како граделе, како се движеле и што одгледувале – изјави професорот Алберт Хафнер, кој го предводи проектот.

- Advertisement -
Ad image

Дрвените столбови од куќите, заедно со бакарни предмети, коски, керамика и други артефакти, се вадат од длабочина до три метри, при што се користат радиокарбонска анализа и дендрохронологија за точно датирање.

Според првичните анализи, населбата се простирала на околу шест хектари и била дом на неколку стотици луѓе, кои живееле во склад со природата, ловеле, рибареле и одгледувале култури. За целосно истражување на локацијата, научниците предвидуваат дека ќе бидат потребни децении.

– Тоа што тие луѓе го постигнале во тоа време е навистина неверојатно. Архитектурата, организацијата, прехраната, сè укажува на напредна заедница – вели албанскиот археолог Адриан Анастаси.

Охридското Езеро, кое е едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, повторно се најде во фокусот на светската археолошка заедница овој пат, со откритие што би можело да ја прераспише историјата на човековото населување на континентот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation