Нова повреда, нова пауза за Пауло Дибала. Аргентинскиот напаѓач се здоби со оштетување на тетивата на левата бутина, поради што ќе биде надвор од терените најмалку еден месец, пренесе „Газета дело Спорт“.
Дибала заработи повреда на натпреварот од 29. коло на Серија „А“ против Каљари. Напаѓачот на Рома влезе на теренот во вториот дел, но не издржа ниту 10 минути. Аргентинецот падна на земја, по што набрзо беше заменет.
Ова е вест која воопшто не му се допаѓа на селекторот Лионел Скалони, кој го повика Дибала на репрезентативен собир во пресрет на многу важните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Имено, Аргентина ја очекуваат два тешки натпревари во 13. и 14. коло. Тие прво патуваат во Уругвај (22 март) пред да го пречекаат Бразил во јужноамериканското дерби закажано за 26. март.
Дибала често отсуствува од составот на аргентинската репрезентација поради повреда, но понекогаш тоа е случај и поради лоша форма. Овој пат имаше можност повторно да се докаже во очите на селекторите, но судбината имаше други планови. Ова не е пропуст само за светските шампиони.
Според италијанските медиуми, Аргентинецот ќе пропушти неколку натпревари на Рома по репрезентативната пауза.