Републичкиот геодетски завод на Србија објави нов извештај од пазарот со недвижности, а податоците покажуваат дека најскапиот квадрат во Србија е продаден во Белград и тоа по цена од дури 9.805 евра.
Пазарот со недвижности во Србија повторно ги поместува границите, а најновите податоци покажуваат нови срушени рекорди.
Стан во Белград на вода е продаден за дури 9.805 евра по квадрат, што го прави најскап квадрат во земјата, а тоа е само дел од неверојатната статистика.
Како што е наведено, највисока сума издвоена за стан е на истата локација и изнесувала 1,8 милиони евра.
Што се однесува на куќи, најскапа куќа е продадена на Савски венец во Белград за 3,8 милиони евра.
Најскапо гаражно место продадено е за 66.000 евра.
Највисока постигната цена за деловен простор е 2,4 милиони евра во Крагуевац.



























