Арбен Таравари- На Карадакоски му откажале бубрезите, почната е процедура за негово враќање

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека има уште една жртва од трагедијата во Кочани. Починатиот, кој беше на лекување во Литванија, имал 40 отсто изгореници, а на 1 април му откажале бубрезите. Според првичните информации, се работи за Александар Карадакоски, управителот на дискотеката „Пулс“.Овој пациент беше еден од четворицата пациенти кои беа во критична состојба.

– Од 1–ви април му откажа работата на бубрезите, практично беше ставен на дијализа. За жал, утрово ја добив лошата информација дека тој починал. Да се надеваме дека другите критични да им се подобри состојбата. Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја добив поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и да ни се вратат во државата, рече Таравари.

Извори од МНР за МИА информираат дека е започната процедурата за враќање на телото на пациентот.

Ова е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март.

Повеќе информации се најавени на прес-конференцијата во 13:30 часот во Министерството за здравство.

Share This Article