Под влијание на силен Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) во текот на новата седмица времето во Македонија ќе биде стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди особено на повисоките населени места и на планините, додека по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност и таа повремено во дел од котлините ќе биде густа и ќе предизвика значително намалена видливост. Токму поради ова ги советувам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила токму поради очекуваната густа магла по котлините, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Појава на магла и на ниска облачност која повремено ќе биде густа ќе има и во Скопската котлина.
Особено маглата ќе биде густа и ќе условува значително намалена видливост во утринските и во вечерните и во ноќните часови. Во местата со магла температурите преку ден ќе останат пониски.
Целата прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот ЛИНК.



























