Background

Андоновски ја поздрави одлуката на ДКСК да ги провери јавните набавки по обвинувањата на опозицијата

Кабинетот на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека ја поздравува одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа, како што наведуваат „сите наводи – и лажните на СДСМ и фактите кои ќе ги достават веднаш штом бидат побарани од Министерството“.

„Помина времето кога СДСМ беше и обвинител и судија во оваа држава, и кога во монтирани процеси без докази, се жигосуваа луѓе и се изложуваа на јавен линч. Јавноста не е со кратка меморија за каква што ја смета Кузеска и СДСМ. Свежи се сеќавањата за грабежот и безредието од владеењето, кога тогашната Власт имаше свои омилени фирми на тендерите, и оние кои се склучуваа во 4 очи во АД ЕЛЕМ, МВР, Министерство за одбрана и ФИТР. Долга е листата на коруптивни скандали кога е во прашање владеењето на СДС со ДУИ, криминалот со јавните набавки е знак за распознавање на ова дуо. Тоа е причината за расфрлањето со лаги, за да се покрие откривањето нови случаи во ФИТР, но и во Управата за матична евиденција. Што се однесува на случајот со јавната набавка во МДТ, СДСМ веќе трет ден се обидува да ја манипулира македонската јавност. Убедени сме во законитоста на постапките и стоиме на располагање на сите надлежни за целосно расчистување на случајот со информации и документи за оваа или други процедури за јавни набавки, за што повика и министерот на прес конференцијата“, се вели во соопштението од кабинетот на Андоновски.

Посочуваат дека јавните набавки во Министерството се прават на начин кој заштедува и до 40% од средствата на граѓаните, во постапки за кои нема жалба затоа што се водат законски, транспарентно и отворено.

- Advertisement -
Ad image

„Во понатамошниот период нема да го коментираме овој случај, за да се остави простор и објективност на ДКСК и другите институции во постапувањето и за да се избегне било каков потенцијал за влијание. Кога ќе се потврди дека министерот Андоновски нема никаква вмешаност во криминал, корупција или судир на интереси, како што набедува и клевети СДСМ, Богданка Кузевска и нејзината партија треба да бидат подготвени за пријави за клевета и навреда“, наведуваат од кабинето на министерот за дигитална трансформација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation