Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, смета дека е дојдено времето „Кариоките“ да се искачи на врвот на светскиот трон.
– Сакаме да бидеме интензивни, сигурни во одбраната и брзи во поседот на топката. Балансот е фундаментален. Веќе имам претстава за составот кој ќе игра на Светското првенство во 2026 година. Најголемата грешка би била да се избере погрешен тим од 25 луѓе. Постои квалитет, но најважно е силата на тимот. Бразил не го освоил Светското првенство 24 години. Дојде време. Одговорноста е огромна, но мотивацијата на целата земја исто така може да биде важна – изјави Анчелоти за тамошните медиуми.
За изоставувањето на Нејмар од репрезентативниот тим Анчелоти смета дека тоа е правилна одлука.
– Ова е техничка одлука, која не е диктирана од физичките проблеми на играчот. Ова е одлука заснована на неколку фактори. Никој не може да го спори талентот на Нејмар, но пред сè, ја проценуваме неговата физичка состојба и состојбата на останатите играчи. Конкуренцијата е огромна, имаме најмалку 70 играчи кои можат да се борат за место во националниот тим – додаде Анчелоти.
Бразилската репрезентација веќе го обезбеди своето место на Светското првенство во 2026 година.
Овој месец Бразилците ќе играат против Чиле и Боливија во последните натпревари од квалификацискиот турнир. Натпреварите ќе се одржат на 9 и 14 септември.