Ана и Мане споделуваат како природата им ја промени перспективата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дали сте знаеле дека македонските планини, како што се Пелистер, Шар Планина или Водно, се вистински природни лекови? Прошетка низ Националниот парк Пелистер, познат по моликата и боровите, ги регенерира сите ваши клетки додека уживате во спектакуларниот поглед на Битолското поле. Пешачењето по стрмни патеки или качувањето на врвот на Шар Планина значително ги зајакнува белите дробови. А што е поубаво од освежување со чиста, изворска вода директно од планината?

Но планините не се само предизвик и физичка активност. Истражувањата покажуваат дека времето поминато во природа го намалува нивото на стрес и анксиозност. Јапонска студија докажала дека луѓето кои често се во шумски предели имаат намалено ниво на кортизол – хормонот на стресот. Со само една прошетка по некоја од македонските планински патеки, како онаа до врвот на Водно, можете брзо да се ослободите од секојдневниот стрес и негативни мисли.

Токму тоа го искусиле Ана и Мане од „Adventure.mk“, кои го посветиле својот живот на истражување на природата.

– Кога почнавме да ја разбираме природата, почнавме да го разбираме и животот, а гледајќи оттука – на секој му го посакуваме тоа чувство. Интересно е колку човек се менува кога ќе почне да ги истражува, набљудува и забележува процесите кои се случуваат таму – велат тие.

За нив,како двајца авантуристи, планините не се само дестинација – тие се втор дом.

– Спиејќи под отворено небо и истражувајќи ги драгоцените богатства на Македонија, сфативме дека вистинската слобода се наоѓа на чекор од нас. Научивме да бидеме издржливи, да почитуваме и вреднуваме, да сме смирени и сталожени, и најважно од сѐ – да сме целосно присутни и неизмерно благодарни што ваквите богатства сѐ уште ги имаме на дланка – додаваат тие.

Затоа, одговорноста за зачувување на природата е наша. Планините ни даваат толку многу, а сега е време да им се оддолжиме.

Кампањата која ја започна СКОПСКО потсетува дека тие се „Наша гордост, но и наша одговорност“. Со секое купено СКОПСКО или СКОПСКО смут во стаклена амбалажа, се издвојува по еден денар за заштита на македонските планини.

„Секој денар вложен во оваа иницијатива е чекор поблиску до долгорочната заштита на нашето природно наследство“, велат од СКОПСКО.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article