Background

Американците купија „пустелија“ која се покажа како чисто злато

Во време кога сите ја очекуваат петочната средба меѓу рускиот и американскиот претседател во градот Енкориџ во Алјаска, „Гардијан“ открива дека лапсусот на Трамп, кој во понеделникот рече дека ќе оди во „Русија“ на средба, би бил точен пред 158 години.

Како Русија им ја продаде Алјаска на САД? Земјата ја даде својата државната граница на Северниот Пацифик маскирајќи ја како викенд-распродажба на територија — им ја отстапи Алјаска на САД за „смешни“ 7,2 милиони долари.

Американскиот државен секретар Вилијам Сјуард кој ја финализирал трансакцијата на 30 март 1867 година, а Сенатот ја потврдил на 15 мај истата година. Официјалната примопредавање се случило на 18 октомври во Ситка.

- Advertisement -
Ad image

– По овластување од императорот ја предадов Алјаска на САД – рускиот капетан Пешчуров.

Договорот, објавен како „Treaty with Russia for the Purchase of Alaska“, ја заокружи смелата геополитичка промена, изјавил тогаш Конгресната библиотека на САД.

На почетокот договорот бил саркастично нарекуван „Сјуардова глупост“, продажба на „замрзната пустелија“. „Њу Јорк Дејли Трибјун“ ја отфрлил аквизицијата како „номинален посед на непроодни пустини од снег“.

„Можеме да склучиме договор со Русија, но не можеме да склучиме договор со Северниот ветер или со Снежниот крал“, пишува во статијата.

Но, откако Америкацните откривле богатства како злато, нафта и стратешки потенцијал, цената од 7,2 милиони долари добила сосем ново значење. Денес вредноста од 7,2 милиони американски долари, кои Русија ги наплатила 1867 година, одговара на приближно 156 милиони долари.

И во царска Русија на почетокот негодувале за продажбата. Либералниот весник „Голос“ ја отфрлил зделката како „длабоко навредлива за сите вистински Руси“.

„Зар чувството на гордост на нацијата навистина е толку недостојно за внимание, за да може да се жртвува за само шест или седум милиони долари?“, било објавено во весникот.

„Гардијан“ пишува дека продажбата на Алјаска всушност е редок дипломатски „win-win“ меѓу Русија и САД, добивка за двете страни. За Русија тоа било начин да се повратат пари, да се добие нов сојузник преку Атлантикот и да се избегне потенцијален конфликт со Британија, а за САД можност да се спречи европско навлегување во Алјаска и да се потврдисè поголемо влијание на Вашингтон во Пацификот.

Алјаска сега е најголемата и една од најбогатите американски држави по природни ресурси, со значајно производство на нафта, гас и риба, како и стратешка воена позиција. Со површина поголема од комбинираните територии на 22 помали американски држави, нејзината геополитичка важност останува огромна и 158 години по продажбата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation