Background

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи поврзани со случајот на починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи поврзани со случајот на починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн.

- Advertisement -
Ad image

Министерството наведе дека ќе бидат потребни неколку недели новите документи за се обработат и потоа ќе бидат објавени.

Министерството за правда соопшти дека ги добило документите од Канцеларијата на државниот обвинител за Јужниот округ на Њујорк и од ФБИ за да ги разгледа пред да бидат објавени во согласност со Законот за транспарентност за документите на Епштајн, постојните статути и судските наредби.

Канцеларијата на државниот обвинител за Јужниот округ Њујорк водеше истрага и подигна обвинение против Епштајн во 2019 година, а во 2021 година успешно ја процесира и неговата соработничка и партнерка Гилејн Максвел, која е осудена за трговија на луѓе со цел сексуално искористување.

Министерство за правда пред два дена објави досега најголем пакет документи за Епштајн, тежок 10 гигабајти со 11.000 датотеки, меѓу кои има и 400 видеоснимки, аудиоснимки и истражни материјали.

Досиејата треба да откријат со кои моќни луѓе Епштајн се дружел пред да биде осуден во 2008 година за наведување малолетничка во проституција. Како и детали за неговото самоубиство во 2019 година во затворот во Менхетн откако беше уапсен за сексуални злосторства.

Епштајн во 2008 година постигна спогодба со обвинителите откако родителите на 14-годишно девојче пријавиле во полицијата во Флорида дека тој ја злоупотребил нивната ќерка во неговата вила во Палм Бич. Потоа беше осуден за подведување малолетник, регистриран како сексуален престапник, и благодарение на спогодба за признавање на вина, избегна построга затворска казна.

Единаесет години подоцна, тој беше обвинет за водење мрежа од малолетни девојки за обезбедување сексуални услуги. Почина во затвор чекајќи судење, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation