Американските медиуми јавуваат дека мажот, кој е обвинет за обид за убиство на Доналд Трамп, сам се прободел во вратот со пенкало кога судијата на Флорида објавил дека е прогласен виновен по сите точки од обвинението. Осудениот Рајан Весли Роут среде судница се обидел да си го одземе животот, пренесе Фокс Њуз.
„Полицијата реагираше веднаш, спречувајќи потешки последици“, потврдуваат американски медиуми.
Рајан Весли Роут е осуден за атентат врз Трамп во голф клуб во Вест Палм Бич минатата година. Трамп бил на само 500 метри од местот на инцидентот.