Американскиот претседател вели дека не се шегува кога зборува за евентуален трет претседателски мандат, што е забрането со Уставот на САД.
-Не, не се шегувам. Не се шегувам. Но, премногу е рано да се размислува за тоа. Постојат методи со кои можете да го направите ова, како што знаете – рече тој во телефонското интервју што го даде за Ен-Би-Си Њуз.
Трамп го освои вториот мандат на изборите во САД во ноември минатата година, а беше инаугириран на 20 јануари.