Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина секоја можност за дипломатски преговори со Иран и директно им се обрати на демонстрантите повикувајќи ги да ја преземат власта.
„Ирански патриоти, продолжете да протестирате, преземете ги вашите институции! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Помошта доаѓа. МИГА!“, објави Трамп на „Трут Соушл“, додавајќи дека ги откажува сите состаноци со ирански претставници додека „не престане бесмисленото убивање на демонстрантите“.
Акронимот „МИГА“ (Make Iran Great Again) веднаш станал вирален, додека Техеран тврди дека постоеле „тајни дипломатски канали“, кои Трамп де факто ги прекинал.
Во извештај на норвешката група за човекови права „Хенгау“, кој го пренел американскиот Стејт департмент, се наведува дека Ерфан Солтани, млад демонстрант од Керманшах, би можел да биде погубен во рок од 24 часа.
„Режимот не го даде ни обичното 10-минутно лажно судење. Ерфан беше осуден без адвокат и без право на жалба“, соопшти Стејт департментот.
Одделот предупредил дека „ова е само почеток на бран егзекуции против демонстрантите“ и дека „светот не смее да молчи“.
Солтани (26) треба да биде обесен утре.
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер го повикала иранскиот амбасадор на итни разговори, изразувајќи „целосно згрозување“ од насилството во Техеран. Финскиот министер за надворешни работи, пак, остро забележал дека режимот „го исклучува интернетот за да убива во тишина“.
Иако ЕУ сè уште не објавила нов пакет санкции, дипломатски извори потврдуваат дека Брисел подготвува координирана реакција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
