Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американските воени бродови и авиони остануваат во близина на Иран и се закани со можност за воена акција ако Техеран не го почитува потпишаниот договор.
Трамп на платформата „Tрут соушл“ напиша дека „сите американски бродови, авиони и воени лица, заедно со дополнителна муниција и вооружување, ќе останат на позициите во и околу Иран се додека договорот целосно не се почитува“. Тој додаде дека во случај договорот да не се испочитува, „ќе започне пукотница, поголема и посилна од било што видено досега“.
Иран претходно соопшти дека би било „неразумно“ да се продолжат преговорите за траен мировен договор во услови кога Израел спроведува најинтензивни напади врз Либан при што се убиени стотици луѓе.
Трамп исто така тврдеше дека Иран се согласил да запре со збогатувањето ураниум, додека додека претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека според условите на примирјето, Иран смее да продолжи со тој процес.
Претседателот на САД напиша дека „тоа е договорено одамна и, покрај лажната реторика што го тврди спротивното, нема нуклеарно оружје и Ормускиот теснец ќе остане отворен и безбеден“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
