Топ Вести - Слушај сега
Американскиот милијардер и сопственик на Tesla и вселенската компанија Илон Маск навести дека би сакал да ја купи ирската нискобуџетна авикомпанија Рајанер.
На социјалната мрежа X, Маск ја тагна ирската компанија, која се соочува со бројни проблеми, и праша колку би чинело да ја купи. Според Форбс, ова е негова последна најава дека размислува да ја преземе авиокомпанијата.
Кратко потоа, Маск објави анкета на својот профил во која ги праша корисниците дали треба да го купи Рајанер. Притоа 79% од учесниците во анкетата рекоа дека тоа би било добра идеја.
Макс и извршниот директор на Рајнер деновиве имаа остра преписка на социјалните мрежи.
Маск веќе продава Wi-Fi услуги во лет преку сателитите Starlink на SpaceX. Сепак, извршниот директор на Рајанер, Мајкл О’Лири, го нарече Маск „идиот, иако многу богат“, пред неколку дена, што дополнително го влоши нивниот конфликт.
Според О’Лири, годишните трошоци за инсталирање на антените потребни за пристап до сателитите Starlink на покривите на авионите би биле помеѓу 200 и 250 милиони долари, а тој ги опиша услугите на Маск како премногу скапи и непрактични.
Во подкаст, О’Лири ја отфрли идејата за инсталирање на системи Starlink на авионите на Рајанер, велејќи дека Маск има „нула знаење“ за летање и аеродинамичен отпор.
Откако платформата X претрпе глобален прекин на системот во петокот, официјалниот профил на Рајанер, познат по своите хумористични објави, се пошегува на сметката на Маск прашувајќи:
„Можеби ви треба Wi-Fi?“
Маск брзо одговори сугерирајќи дека можеби ќе се обиде да го купи Ryanair и да постави лице по име Рајан на чело на компанијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
