Топ Вести - Слушај сега
Американскиот медиумски колос „Вашингтон пост“ влезе во нова фаза на потрес откако беше објавено повлекувањето на извршниот директор и издавач Вил Луис. Одлуката доаѓа веднаш по масовните отпуштањаколу 300 од вкупно 800 новинари. Весникот, симбол на истражувачкото новинарство, повторно се најде во центарот на дебатата за иднината на традиционалните медиуми во САД.
Во порака до вработените, која протече на социјалните мрежи, Вил Луис наведе дека по две години „длабока трансформација“ на весникот, дошло време да се повлече. Раководството објави дека на негово место ќе дојде Џеф Д’Онофрио, досегашниот главен финансиски директор.
Потегот предизвика шок особено поради фактот што весникот е во сопственост на Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот. Одлуката се случи во период на јавно забележливо зближување меѓу Безос и актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
„Вашингтон пост“ со децении важи за столб на американското новинарство. Весникот го разоткри скандалот Вотергејт и освои бројни Пулицерови награди. Сепак, последните години се соочува со финансиски проблеми, пад на претплатниците и намален интерес на публиката.
Кризата дополнително се продлабочи кога раководството одби јавно да заземе страна пред претседателските избори во 2024 година. По победата на Трамп, бројот на претплатници значително опадна, а загубите се продлабочија.
Отпуштањата особено ги погодија странските дописници. Целосно беа укинати позициите за Блискиот Исток, Русија и Украина. Сериозни кратења претрпеа и редакциите за спорт, книги, подкасти, локални вести и инфографика, од кои некои речиси исчезнаа.
Еден од новинарите на весникот, Бен Браш, јавно реагираше:
– Овие отпуштања се срамни. Четвртиот најбогат човек во светот е сопственик на „Вашингтон пост“. Тој може да го води со загуба до крајот на животот, но одбива.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
