Background

Американски експерти за меѓународно право потпишаа отворено писмо во кое се вели дека нападите на САД врз Иран може да претставуваат воено злосторство, откако претседателот Доналд Трамп ги повтори заканите за напади врз иранските електрани и постројките за десалинизација

Американски експерти за меѓународно право потпишаа отворено писмо во кое се вели дека нападите на САД врз Иран може да претставуваат воено злосторство, откако претседателот Доналд Трамп ги повтори заканите за напади врз иранските електрани и постројките за десалинизација.

Трамп, кој претходно предложи различни временски рамки и цели за војната, во телевизиски говор во средата рече дека војната може да ескалира ако Иран не ги прифати условите на Вашингтон, со напади врз енергетската и нафтената инфраструктура на земјата.

Повеќе од 100 американски експерти за меѓународно право, вклучувајќи ги и оние од универзитети како Харвард, Јеил, Стенфорд и Универзитетот во Калифорнија, во писмо објавено вчера наведоа дека однесувањето на американските сили и изјавите на високи функционери „предизвикуваат сериозна загриженост за кршење на човековите права и на меѓународното хуманитарно право, вклучително и за потенцијални воени злосторства“.

- Advertisement -
Ad image

Во исто време, тие конкретно посочуваат на коментарот на Трамп од средината на март дека САД може да почнат напади врз Иран „само за забава“. Тие, исто така, ги цитираат коментарите на шефот на Пентагон, Пит Хегсет во почетокот на март дека САД не се борат според „глупави правила“.

Во писмо објавено на веб-страницата на списанието Just Security, експертите наведоа дека се „сериозно загрижени за нападите што ги погодија училиштата, здравствените установи и домовите“, истакнувајќи го гранатирањето на училиштето во Иран на првиот ден од војната.

Американската војска во март соопшти дека почнала истрага за катастрофалниот напад врз иранско училиште за девојчиња на првиот ден на војната на 28 февруари, а според Иранската црвена полумесечина во тој напад биле убиени 175 луѓе, најмногу од нив деца.

– Ќе ги удриме многу силно во следните две до три недели. Ќе ги вратиме во камено доба, каде што им е местото – се акани завчера Трамп.

Водечка американска група за застапување на муслиманите предупреди дека воената реторика на Трамп, вклучително и неговата закана да го врати Иран во камено доба, е „дехуманизирачка“.

Војната започна на 28 февруари кога САД и Израел го нападнаа Иран. Техеран одговори со напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив со американски бази.

Во заедничките американско-израелски напади во Иран и израелските напади во Либан досега загинаа стотици лица, а милиони се раселени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation