Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан (45) призна дека го користела Чет – ГПТ додека учела за правосудниот испит, но популарната алатка за вештачка интелигенција направила повеќе штета отколку корист.
Во интервју за серијалот Lie Detector Test („Тест за детектор на лаги“) на списанието Vanity Fair, Ким открила дека не го користи Чет-ГПТ за љубовни и животни совети, но го користи за правни совети додека се подготвува за испитот.
– Секогаш кога ми треба одговор на некое правно прашање, ја сликам задачата и ја уфрлам во Чет-ГПТ. Но, тој често ме наведува на погрешен одговор, па постојано паѓам на тестовите. Потоа се нервирам и почнувам да му викам – признава Ким со насмевка.
Нејзината колешка и актерка Тејана Тејлор се пошегува прашувајќи ја дали тоа значи дека таа и Чет-ГПТ се всушност пријатели и ривали во исто време.
– Да, точно така. Тогаш тој знае да ми одговори:
– Ова само те учи да им веруваш на сопствените инстинкти – го знаеше одговорот цело време – ѝ одговори ријалити ѕвездата.
							
								
			



                               















		
		
		
		
		






