Операцијата „Молња“ со која САД за помалку од 30 минути го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро е симболичен, но и смртоносен удар по Владимир Путин и неговата доктрина за „мултиполарен свет“, анализира „Политико“. Според написот, она што рускиот лидер го градел со години, сојуз на авторитарни држави против Западот, се распаднало во еден час.
Потегот на Доналд Трамп одекнал низ светот како гром. Вашнингтон го уапси човекот кој повеќе од две децении беше лице на венецуелскиот социјализам.
Понижувањето, како што тврдат аналитичарите, не било само во тоа што Русија не помогнала на својот стар сојузник. Било во фактот што Трамп успеал да направи токму она што Путин не можел — брза, решителна и успешна интервенција.
Политичкиот аналитичар Абас Гаљамов изјавил за „Политико“:
– Она што Путин вети дека ќе го направи во Украина, Трамп го направи за половина час во Венецуела.
Националистичкиот блогер Игор Гиркин, од затворската колонија, напишал на Телеграм дека Русија доживеала „уште еден удар по својот имиџ“. Дури и идеологот Александар Дугин признал дека „целата Русија се прашува зошто Кремљ не постапува исто кон своите непријатели“.
Со години Москва се претставувала како заштитник на држави од Латинска Америка до Блискиот Исток, се вели во текстот на „Политико“. Но, последните настани откриле дека кога тие земји ќе побараат помош, Русија е отсутна.
Според анализарата, Ерменија го почувствувала тоа во 2023 година, кога Азербејџан го презел Нагорно-Карабах без руска интервенција. Слично сценарио се повторило и во Сирија, каде падот на режимот на Башар ал-Асад означил крај на руското влијание на Медитеранот.
Во Иран, според аналитичарите, Москва останала нем набљудувач кога израелските и американските сили ги уништиле нуклеарните постројки.
Од 1999 година, Русија вложи над 20 милијарди долари во Венецуела – кредити, оружје, нафтени договори. Денес сè е под знак прашалник.
Мадуро, наместо во Москва, завршил пред американски суд во Њујорк, облечен во затворска униформа.
Руските власти официјално ја осудија американската интервенција. Сенаторот Алексeј Пушков рекол дека Трамп го враќа „дивјачкиот империјализам од 19 век“, но меѓународната сцена реагирала рамнодушно.
„Политико“ пишува дека Путин создал свет во кој само успехот има тежина. Сега, кога Трамп покажал дека може да делува побрзо и поефикасно, во Кремљ владее тивка завист.
Како што заклучува аналитичарот Гаљамов, понижувањето на Путин не е само во симболиката – тоа е доказ дека Русија веќе не е стравопочитувана сила, туку изолиран играч што губи сојузници еден по еден.
На почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Кремљ навистина се обидел да го елиминира или уапси украинскиот претседател Володимир Зеленски преку специјални операции во Киев, вклучувајќи десантни единици и обиди за брзо заземање на владините објекти. Планот пропаднал во првите денови од војната, кога украинските сили го одбиле нападот и ја задржале контролата над престолнината.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖