Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски на ТикТок ги покажала резултатите од нејзината последна посета на фризер, велејќи дека ја добила најлошата фризура во нејзиниот живот.
Имено, манекенката во вторникот на ТикТок ја покажала својата нова фризура и додека со едната рака покривала дел од косата рекла: „Време е за приказна, да, имам филтер бидејќи ја имам најлошата фризура во животот и треба да се чувствувам убаво“.
Иако на почетокот од снимката се чини дека се работи за типична степенеста фризура, Ратајковски потоа открила бушави, испрекинати прамени: „Ох, мислевте дека се шегувам? Имам шишки на задниот дел од главата“.
Потоа се обидела да погоди што сакал да направи нејзиниот фризер, но не успеала.
„Шокантно“, заклучила Ратајковски во снимката додека ги покажува слоевите на косата кои го врамуваат нејзиното лице, велејќи дека тоа може донекаде да го скрие, но дека нема помош за неа ако дувне ветер.
За многумина новата фризура на Емили станал извор на забава, па почнале да ја споредуваат со верзијата на ликот на Џени Хемфри од втората сезона на „Озборувачка“, како и со Лиам Галагер од 2016 година.
Во втората снимка, манекенката се обидела со локни да ја скрие неуспешната фризура, а изгледала малку подобро од првичната верзијата со права коса.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
