Американската кантавторка Џенифер Лопез доживеала мала непријатност на концерт во Алмати, Казахстан. Врз неа наеднаш слетал скакулец, ѝ се искачил до вратот, а како што може да се види на видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, наместо да вреска, таа смирено продолжува со песната.
Иако скакулецот веројатно ја скокоткал додека ѝ лазел на вратот – како што и самата признала подоцна, пејачката не дозволила да ѝ го одвлече вниманието, само го отстранила фаќајќи го со прстите. Лопез покажа дека е вистинска професионалка кога со еден потег ја реши непредвидената ситуација и го продолжи настапот.
Славната пејачка објави снимка од случката прво на нејзините фан-страници, а потоа и на своите профили.
„Го реши како професионалка“, „Одлично се снајде, јас ќе се онесвестев онаму“, „Среќна бубачка“, „Да ми се случеше ова мене, ќе врескав“ – се дел од коментарите на следачите.
Џеј Ло ја продолжува својата турнеја „Up All Night: Live in 2025“ во хотелот „Кала ди Волпе“ (Cala di Volpe) на италијанскиот остров Сардинија.